Германската влада под големи притисоци од автомобилската индустрија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската автомобилска индустрија, која долго време беше симбол на економска моќ, сега се соочува со големи проблеми, а нејзините најголеми производители, како „Фолксваген“ и „Мерцедес“, бараат поддршка од државата за справување со новите услови на пазарот.

Еден од главните проблеми е преминот кон електрични возила. Иако Европската унија поставува строги цели за намалување на емисиите на CO2 до 2025 и 2030 година, „Фолксваген“ и „Мерцедес“ се борат да ги исполнат овие стандарди. Во 2024 година, „Фолксваген“  веќе се соочува со потенцијални казни од милијарди евра, поради непостигнување на лимитите за емисија на CO2, што ја влошува нивната позиција на пазарот.

Проблеми со стандардите за емисија на CO2

Според Ханс Дитер Печ, претседател на надзорниот одбор на „Фолксваген“,  електромобилноста ќе биде иднината, но овој процес ќе потрае подолго отколку што се очекува.

Во вакви околности, германските производители бараат од владата да обезбеди субвенции за купување електрични возила, како и олеснување на регулативите за емисија.

Ола Келениус, директор на „Мерцедес“, истакнува дека тековните стандарди за CO2 се претерани и бараат ревизија, на што еколошки организации реагираат со критики, нарекувајќи ги овие барања „дрски“.

На „БМВ“ и на „Волво“ им чурат оџаците

Во исто време, конкурентите како „БМВ“ и „Волво“, покажуваат поголема флексибилност и ги исполнуваат европските регулативи. „БМВ“ најавува дека до крајот на 2025 година ќе ги постигне целите за емисија без потреба од дополнителни државни интервенции, што ја прави ситуацијата уште покомплицирана за „Фолксваген“ и „Мерцедес“, кои не можат да го следат истиот пат.

Од економски аспект, иако „Фолксваген“ постигна профит од 18 милијарди евра во минатата година и исплати дивиденди од 8,5 милијарди евра, се смета дека проблемите на компанијата се резултат на внатрешни грешки во стратешкото планирање, а не толку последица на регулаторната политика. Аналитичарите предупредуваат дека државните субвенции не треба да бидат начин за решавање на овие проблеми, бидејќи тоа би можело да го наруши натпреваротна пазарот.

Американците и Кинезите во предност

Германската влада, соочена со зголемената конкуренција од Кина и од САД, каде владите активно ги поддржуваат националните индустрии, е ставена пред дилема. Претседателот на Институтот за економски истражувања во Берлин, Марсел Фрачер, ја истакнува потребата од воведување компензациски царини како одговор на субвенциите од Кина за електрични возила, со цел да се заштити германската автомобилска индустрија од евтината кинеска конкуренција.

Друга важна точка е цената на електричните возила. Иако цените на минералите за батериите опаднаа, просечната цена на електричните автомобили во Европа се зголеми за третина од 2021 година, додека во Кина цените се преполовија. Ова создава дополнителен притисок врз германските производители, кои се борат да ја одржат конкурентноста на глобалниот пазар.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, не сите компании бараат субвенции или промени во регулативите. „Волво“ веќе ги исполнува стандардите на ЕУ, а „БМВ“ ја засилува својата позиција како еден од најуспешните производители, што дополнително ги истакнува различните стратегии во германската автомобилска индустрија.

Индустријата во Германија на критична точка

Во овие сложени услови, германската влада се наоѓа под притисок да донесе одлуки кои ќе ѝ помогнат на автоиндустријата, но притоа да не ги нарушат правилата на конкурентност. Ситуацијата дополнително ја усложнува постојаната рецесија и падот на продажбата на нови возила, особено на електричните модели.

И покрај големите профити што ги остваруваат производителите, автомобилската индустрија во Германија е во критична точка. Во следните неколку години, одлуките на германската влада, како и глобалните економски и еколошки трендови, ќе го обликуваат идниниот развој на германскиот автомобилски сектор.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article