Германската полиција соопшти дека уапсила осомничен за убиство на девојка на карневал во Келн, што наводно го извршил пред 35 години.Во соопштението се наведува дека 56-годишниот маж е уапсен по нови докази добиени со ДНК анализа и сведочење во телевизиска емисија за ладнокрвно убиство, емитувана во декември минатата година.
Мажот е осомничен дека ја задавил 24-годишната Петра Нол, чие тело го пронашла полицијата на 14 февруари 1988 година во Келн.
Карневалските прослави во Келн привлекуваат стотици илјади луѓе секоја година.