More

    Германската фондација „Фридрих Еберт“ потврди дека подготвила нацрт на статутот на ЗСО

    spot_img

    Германската фондација „Фридрих Еберт“ потврди дека го подготвила статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) на Косово, чие формирање е договорено во рамките на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

    Рене Шле од таа организација смета дека овој нацрт е „добра основа за која – по објавувањето – заслужува да разговараат владини и невладини актери“, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

    „Ќе организираме јавна презентација на нацртот навремено“, изјави Шле за РСЕ, но не прецизираше кога.

    Во Косово има вкупно десет општини со српско мнозинство. Шест се наоѓаат јужно од Ибар: Грачаница, Ново Брдо, Штрпце, Ранилуг, Клокот и Партеш. Останатите четири, северна Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, се територијално поврзани на север.

    Властите во Косово се уште не ја коментираат оваа вест, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека создавањето на Статутот е дело на менаџерскиот тим, а не на некоја невладина организација.

    Вучиќ на 16 јануари гостуваше на ТВ Хепа и праша како може една германска невладина организација да зборува за надлежностите на ЗСО.

    И директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, неделава оцени дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство треба да го подготви Менаџерскиот тим врз основа на Бриселскиот договор, а не невладина организација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img