More

    Германската економија падна на крајот на минатата година

    spot_img

    Бруто домашниот производ на Германија благо се намали во четвртиот квартал, објави во вторникот заводот за статистика, укажувајќи на пад на корпоративните инвестиции.

    Сезонски и календарски приспособениот БДП е намален во периодот од октомври до декември за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци кога стагнираше, открија статистичарите.

    Благиот пад на активноста на крајот на годината со тоа го заврши периодот на стагнација од почетокот на 2023 година, заклучува Дестатис.

    Претходните проценки покажаа пад на активноста од 0,1 отсто во периодот од јули до септември и ист процентен раст во периодот од април до јуни.

    Бруто инвестициите на компаниите значително паднаа кон крајот на годината, посочуваат статистичарите.

    На годишно ниво, календарски прилагодениот БДП е намален во периодот од октомври до декември за 0,2 отсто, покажуваат пресметките на Дестатис, речиси како и во претходните три месеци.

    Дестатис потврди дека во цела минатата година БДП е намален за 0,3 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img