More

    Германската амбасада гласаше за промена на македонскиот Устав

    spot_img

    Болно е што повторно треба да се промени македонскиот Устав, но ветената измена содржински не е проблематична, изјавила амбасадата на Германија за порталот Локално.

    – Како што кажа и Сојузниот претседател во Собранието, Северна Македонија толку долго работеше на својата европска иднина, следната година би требала да ја спроведе ветената измена на Уставот, којашто содржински впрочем не е проблематична. Сите кои ја сакаат оваа европска иднина и сакаат да избегнат понатамошни одложувања, би требало да гласаат за уставната промена – нагласила Германската амбасада.

    Од таму додаваат дека овој чекор е од интерес на целокупната јавност.

    – Разбираме дека е болно што повторно треба да се измени Уставот, но овој чекор е во интерес на граѓаните на земјата, бидејќи реформскиот процес на патот кон ЕУ не е цел за себе: реформите ќе го подобрат животот на луѓето, успешен реформски процес значи подобра правна држава, потиснување на корупцијата, поголема транспарентност во јавната администрација вклучително и при доделувањето на позициите, почиста животна средина благодарение на сукцесивно воведување на европските норми итн – истакнуваат од Амбасадата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img