More

    Германија сè уште и плаќа на Ангела Меркел шминкер и фризер

    spot_img

    Покрај кабинетот и нејзиниот персонал, Германија сè уште ѝ ги плаќа трошоците на шминкерот и фризерката, кои исто така ја придружуваат на патувањата, на поранешната долгогодишна канцеларка Ангела Меркел.

    Германскиот весник Тагесшпигел објави дека кабинетот на поранешната канцеларка Ангела Меркел плаќа за нејзиниот шминкер и фризер, дури и кога тоа не е за нејзините јавни настапи.

    Новинарите на Тагесшпигел особено им привлекоа око на високите трошоци за хотелот на стилистот кој ја придружува Меркел на нејзините патувања. Кабинетот објасни дека тие навистина плаќаат професионален стилист, но само во случаи кога се работи за обврски поврзани со улогата на Ангела Меркел како поранешна канцеларка.

    Рајнер Холзнагел, претседател на Здружението на германски даночни обврзници, организација која ја следи злоупотребата на јавните средства, смета дека стилистката не припаѓа на потребните трошоци за исполнување на обврските поврзани со нејзината поранешна позиција.

    „Тешко ни е да им објасниме на даночните обврзници зошто треба да плаќаат за шминкер или фризер за политичари. Овие трошоци мора да се минимизираат или самите политичари да ги покријат“, рече Холзнагел.

    Месечните трошоци на кабинетот на поранешната канцеларка изнесуваат околу 66.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img