Евро 2024 ќе донесе значителни краткорочни економски придобивки за Германија, особено во туризмот, угостителството, транспортот, малопродажниот и услужниот сектор, со повеќе од две милијарди евра, покажуваат пресметките на аналитичарите на платформата за тргување Freedom24.
„Се очекува најголемата европска економија да порасне за околу 0,3 отсто оваа година, побавно од другите големи индустриски нации, но првенството може да обезбеди краткорочен поттик за туризмот и секторите поврзани со услугите.
Се проценува дека Германија има повеќе од две милијарди евра приход, а туризмот и угостителството веројатно ќе придонесат најмногу“, се истакнува во анализата објавена во четвртокот.
Се наведува и дека фудбалското натпреварување на европските репрезентации може да има позитивен психолошки и индиректен ефект врз германската економија. Ваквите настани можат да го подобрат националното расположение и да го подобрат имиџот на земјата домаќин. Успешното Европско првенство и спортски и организациски може да ја зголеми атрактивноста на дестинацијата, се наведува.
Гледајќи ги историските резултати, приходите од Европското првенство на УЕФА покажуваат постојан раст.
Така, во 1992 година на првенството во Шведска дополнителниот приход изнесувал 40,9 милиони евра, во 1996 година во Англија приходите се искачиле на 147,3 милиони евра, (…) во 2008 година со домаќини на Швајцарија и Австрија, приходот достигнал 1,35 милијарди евра, на фудбалската изложба во Франција во 2016 година изнесуваше 1,92 милијарди евра, додека на ЕП 2021, и покрај предизвиците на пандемијата, тие изнесуваа 1,9 милијарди евра.