Германија ја започна втората фаза од планот за итни случаи за снабдување со гас

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската влада ја активираше втората од трите фази на планот за вонредно снабдување со гас за да го намали приливот на руски гас, соопшти во четвртокот Министерството за економија.

„Снабдувањето е сигурно во моментов, но ситуацијата и понатаму е тензична“, соопшти Министерството за економија.

Според дефиницијата на втората, т.н. алармантната фаза од планот за итно снабдување со гас се активира во случај на прекин на снабдувањето со гас или зголемена побарувачка. Во оваа втора фаза државата се уште не интервенирала туку оставила на пазарот да ја регулира состојбата.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек рече дека цените на бензинот дополнително ќе се зголемат, што ќе го почувствуваат индустријата и приватните корисници.

„Треба да се подготвиме за понатамошни скокови на цените“, рече Хабек. Тој ја обвини Русија за „економски напад“ поради намалувањето на протокот на гас преку гасоводот Северен тек 1.

Во последните денови Русија намалениот проток го оправдуваше со немањето турбина која се ремонтира во Канада и која поради санкции оваа земја одбива да ја испорача на државната руска енергетска компанија Газпром.

Во третата фаза, државата ја контролира дистрибуцијата на гас и го намалува протокот, при што домаќинствата како и објектите од посебно значење како што се болниците се особено заштитени од намалувања.

Хабек рече дека главната цел останува до почетокот на зимата да се наполни резервоарот со гас, што во моментов, како што рече, нема да биде можно без дополнителни мерки.

„Мораме да направиме се што можеме за да ја дочекаме зимата со полни тенкови“, рече Хабек.

- Advertisement -
Ad image

Започнувањето на втората фаза од планот за итно снабдување со гас и овозможува на владата да го интензивира активирањето на електраните на јаглен, кои полека беа напуштени во последните години поради владината борба против климатските промени.

Share This Article