Германија и Франција ги повикаа своите граѓани итно да ја напуштат Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германија и Франција денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради влошувањето на ситуацијата во источниот дел на земјата, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.

Германското Министерство ги повика своите граѓани „итно“ да ја напуштат Украина поради опасност од вооружен конфликт.

– Предупредуваме на опасност од патување во Украина, се вели во соопштението и се додава дека германските граѓани се повикуваат „итно да ја напуштат Украина“.

Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Украина, а оние на истокот на земјата веднаш да ја напуштат областа.

– Се препорачува сите француски граѓани чиј престој во Украина не е неопходен да ја напуштат земјата, соопшти Министерството во Париз.

Се додава дека оние што се „во областите на Харков, Луганск и Доњецк“, како и во реонот на Дњепар, „се повикуваат да ги напуштат тие области без одлагање“.

Во меѓувреме, германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека од понеделник ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.

Компанијата ќе ги изврши последните летови до тие градови во текот на викендот пред да ги прекине од понеделник до крајот на месецот.

Луфтханза ќе продолжи да лета до Лавов, град во западна Украина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply