Германија го прими официјалното полско барање за испорака на германски тенкови Леопард на Украина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Kampfpanzer Leopard 2 A5 bei einer Lehr- und Gefechtsvorführung.
- Advertisement -
Ad image

Германија го прими официјалното полско барање за испорака на германски тенкови Леопард на Украина, изјави министерот за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги охрабри земјите кои имаат тенкови Леопард да почнат со обука на украинските војници, иако Германија сè уште не дала формално одобрување за нивна испорака во Украина.

– Јас вербално ги охрабрив партнерските земји кои имаат тенкови Леопард подготвени за испорака да започнат со обука на украинските сили, наведе Писториус на заедничката прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Берлин.

Столтенберг изрази уверување дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на борбени тенкови на Украина.

– Во овој клучен момент од војната, мораме да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина и тоа мораме да го направиме побрзо. Консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат и уверен сум дека наскоро ќе имаме решение – изјави Столтенберг.

Германија, која мора да одобри каков било реекспорт на тенковите Леопард, досега се воздржуваше, стравувајќи дека тоа би можело да ја поттикне Москва да го ескалира конфликтот.

Владата во Киев побара тенкови Леопард 2 од германско производство, еден од најкористените западни тенкови, за да може да ги пробие руските линии и да ја врати украинската територија под своја контрола.

Земјите-членки на НАТО и САД на минатонеделниот состанок во Германија не успеаја да го убедат Берлин да дозволи испорака на Леопардот во Украина.

Русија соопшти дека испораката на тенковите Леопард би значело на НАТО во конфликтот.

– Земјите кои учествуваат, директно или индиректно, во испраќањето оружје во Украина и во подигнувањето на нејзиното технолошко ниво сносат одговорност за продолжување на конфликтот – изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека „украинскиот народ е тој што ќе ја плати цената за сета таа псевдоподдршка”.

Во меѓувреме, Вашингтон се премислува околу плановите за пролетна украинска офанзива.

Нема друг начин да се изведе голема украинска офанзива оваа година, а таа да не го вклучува полуостровот Крим“. Ова е новиот став на американските власти кои, според неименуван извор за Њујорк тајмс го смениле мислењето околу вооружувањето на Украина. По неколку месеци убедување со Украинците, администрацијта на Џо Бајден признала дека може да му обезбеди помош на Киев, дури и ако таквиот потег го зголеми ризикот од ескалација на војната, пишува весникот.

- Advertisement -
Ad image

Ова е во спротивност со изјавите на САД деновиве дека нема да ѝ достават тенкови „Абрамс“ на Украина и кои ја преупредија земјата да не планира голема офанзива. Истовремено, американската одлука ги предомисли Германците во нивната решеност да испратат „Леопарди“.

Share This Article