Германец, на возраст од 38 години украл багер и го возел од еден во друг град, при што удрил во бројни возила, оштетил полициски автомобили и повредил полицаец, по што е застрелан и починал на самото место

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германец, на возраст од 38 години, чиешто име не е соопштено, денеска украл багер и го возел од еден во друг град, при што удрил во бројни возила, оштетил полициски автомобили и повредил полицаец, по што е застрелан и починал на самото место, објави Билд.

Тој го украл багерот од градилиште во местото Грунсфелд, во областа Баден-Виртемберг, околу 13 часот и 35 минути, а потоа тргнал кон соседното гратче Таубербишофсхајм.

Полицијата околу еден час се обидувала да го спречи и да го совлада човекот кој продолжувал да вози со багерот, газејќи сѐ што му се нашло на патот. На крајот, тој бил застрелан, а иако се обиделе да го реанимираат, лекарите не успеале да му го спасат животот.

На социјалните мрежи е објавено видео од моментите кога полицајците пукале во него.

Share This Article