More

    Георгина на доделувањето на наградите зборувала англиски

    spot_img

    Свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, покрај впечатливото модно издание на доделувањето на наградите во Саудиска Арабија, вниманието го привлекла и кога дала интервју на англиски јазик, иако не поминала најдобро.

    Георгина била гостинка на доделувањето на на градите „Џој“ наградите (Joy awards) во Саудиска Арабија, една од најголемите церемонии за доделување награди во регионот во која се одликуваат познатите личности за нивните достигнувања.

    Георгина, таму на сцената, дала кратко интервју на англиски, а видеото од нејзиното зборување на англиски јазик сега стана вирално на социјалните мрежи. Многу луѓе коментираат за изговорот и акцентот на Георгина додека зборува англиски.

    „Многу сум среќна, моето семејство и јас сме многу среќни поради наклонетоста на луѓето и љубовта од сите вас. Ви благодарам многу”, рекла Георгина и порачала дека „мора да оди“, но водителката на наградите ја запрела и ѝ поставила уште неколку прашања. Георгина зборувала за својот моден избор, а потоа водителката ја прашала за животот во Ријад.

     

     

    „Ова е сон. Ја сакам Саудиска Арабија, моето семејство и моите деца. Неверојатно е“, рекла Георгина. Иако зборувала разбирливо, нејзината нервоза беше очигледна, па многумина сега се шегуваат со нејзиниот говор.

    „Звучи како јас на прв час по англиски“, „Spanglish“, „Луѓе, не пропуштајте часови по англиски“, „Ме потсетува на Вергара“, „Организаторот требаше да ангажира преведувач“, се само дел од коментарите под видеото.

    Некои застанале во нејзина одбрана, тврдејќи дека е очигледно дека е нервозна и дека е разбирливо сè што кажува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img