More

    Генералниот секретаријат на Владата во текот на 2021 година има исплатено средства за ангажирање на 77 лица врз основа на авторски договори во текот на целата година, во вкупен износ од 22.807.000 денари

    spot_img

    Генералниот секретаријат на Владата во текот на 2021 година има исплатено средства за ангажирање на 77 лица врз основа на авторски договори во текот на целата година, во вкупен износ од 22.807.000 денари, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Владата во 2021 година.

    Вкупно 31 лице биле ангажирани за реализација на прес активности, медиа мониторинг, фотографирање на настани, монтажа на видеозаписи, графички дизајн, изработка и објавување содржини и информативни видеоматеријали на социјални медиуми и како техничко лице за тон и видео за техниката во Владата, кои активности согласно член 12 став 2 од Законот за авторското право и сродните права се сметаат за авторско дело.

    За овие лица во текот на 2021 година исплатен е надоместок во износ од 11.321 илјади денари. Бројот на ангажирани лица со авторски договори во текот на 2022 година е намален и изнесува 46 лица.

    Понатаму ревизорите посочуваат на пет арбитражни постапки кои се покренати против Република Северна Македонија во периодот од 2018 до 2022 година и за ангажирање на адвокати во овие постапки биле исплатени околу 15,6 милиони евра. Конкретните случи за кои се покренати овие постапки не се посочени.

    Доколку државата евентуално ги изгуби покренатите арбитражни постапки по склучените и ратификувани меѓународни договори, тие можат да ја чинат вкупно 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има големи импликации врз државниот буџет, укажуваат ревизорите. Ревизијата укажува на потребата за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел да се утврдуви одговорноста – се потенцира во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img