Генерал-мајор на турската армија Озкан Улутас ја презеде командата со мисијата КФОР за следната година, наведувајќи дека е свесен за одговорноста што му е дадена во чувствителниот период за Косово, соопшти мисијата КФОР.
Италијанскиот генерал-мајор Анѓело Микеле Ристуќа му ги предаде должностите на Улуташ, во присуство на командантот на командата на здружените сојузнички сили во Неапол, адмирал Стјуарт Б. Манча.
Ристуќа им се заблагодари на членовите на Кфор кои посветено, професионализам и непристрасност го поддржаа во извршувањето на неговите должности.
Сакам да истакнам дека за мене е основно и несомнено дека мандатот на Кфор е да работи на одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово, рече Ристуќа.
Тоа беше и останува сложена мисија обележана со безброј предизвици, кои се обидовме да ги претвориме во можности за мир и стабилност, но пред се подобра иднина за генерациите што доаѓаат, посочи тој.
Улуташ истакна дека е свесен за својата одговорност во чувствителниот период низ кој поминува Косово.
Мисијата, доверена на мојата команда, ќе продолжи да го исполнува својот мандат со целосна непристрасност и професионализам што го бара меѓународната одговорност, во согласност со вредностите на НАТО и Обединетите нации, на кои се заснова мандатот на КФОР, рече Улуташ.
Во соопштението се наведува дека новиот командант на КФОР, првиот од Турција, има долга и успешна кариера во земјата и странство, а функцијата од која дојде на Косово беше началник на Одделот за стратегија во турскиот Генералштаб. Мисијата на КФОР останува целосно фокусирана на спроведувањето на својот мандат, заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, за да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово, се додава во соопштението.