Милијардерот Илон Маск кој отворено застана зад Доналд Трамп на претседателските избори во САД на својата мрежа X сподели хумористична монтажа на која тој носи мијалник во Овалната соба во Белата куќа.
Шегата е потсетување на моментот кога милијардерот купи Твитер и стави мијалник во седиштето на компанијата.
Претходно, по резултатите од изборите, на кои (според првите прогнози) води републиканскиот кандидат Доналд Трамп, Маск, напиша „игра, сет, меч“.
Тој исто така изјави:
-Америка е нација на луѓе кои градат. Наскоро, ќе можете слободно да градите.
Овалната соба е формален работен простор на претседателот на САД. Дел од извршната канцеларија на претседателот на Соединетите Американски Држави, таа е во западното крило на Белата куќа, во Вашингтон.