„Газпром“ прекина испорака на гас на холандската компанија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Холандската компанија „Гас Тера“ (GasTerra) нема да добива гас од руски „Газпром“ од 31 мај, откако одби да плати во рубљи, што е услов на Москва, објавија денеска двете компании.
„Гас Тера“, која купува и продава гас за холандската влада, објави дека договорила од друго место да набави две милијарди кубни метри гас, што требаше да ги добие од „Газпром“ во октомври.

– Одлуката нема да има никакви последици на испораката на гас во холандските домаќинства – објави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен на Твитер.

Во соопштението на „Гас Тера“ се наведува дека холандската компанија одлучила да не ги прифати руските услови, вклучително и отворање сметка за плаќање во евра, кои потоа ќе се заменат за рубљи.

„Газпром“ најави дека прекинот на испораките на гас на „Гас Тера“ ќе продолжи се додека исплатата не се изврши на начин што го предлага Русија.

Share This Article