„Газпром“ го пренасочува гасот кон делови од Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Газпром“ сфати како да го искористи гасот од гасоводот „Северен Тек 2“ за да го пренасочи за потребите на северозападните делови на Русија, јавува агенцијата РИА цитирајќи го официјалниот Телеграм канал на компанијата.

„Поради фактот што морскиот гасовод „Северен тек 2“ во моментов не се користи, а имајќи ја предвид имплементацијата на програмата за снабдување со гас и гасификација за потрошувачите во северозападниот регион, „Газпром “ одлучи да го искористи вишокот на гас на руско копно“, се вели во објавата.

Со новото пренасочување кон Русија, доколку Германија во иднина се премисли и одлучи да го пушти гасоводот, таа ќе може да се поврзе само со една низа, додека другата нема да работи до 2028 година, додаваат од компанијата.

„Северен тек 2“ се протега од рускиот брег преку Балтичкото Море до Германија. Неговата изградба беше завршена во септември минатата година, а до декември беше целосно подготвен за работа. Гасоводот требаше да испумпува 55 милијарди кубни метри гас годишно, но по почетокот на руската окупација врз Украина, германските власти ја укинаа лиценцата.

Речено со зборовите на германската министерказа надворешни работи Аналена Бурбок, проектот е всушност замрзнат.

Share This Article