Гасот ќе го купуваме од бугарска фирма Гасот ќе го купуваме од бугарска фирма

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, пред се поголемите производствени и услужни капацитети, соопшти претпријатието.

Во соопштението е наведено дека потрошувачите на природен гас во државата треба да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1. јануари.
„Договорот е потпишан со фирмата „Балкан јутилитис“ од Бугарија, за испорака на природен гас за јануари по цена од 115,97 евра за мегават-час. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1. мај 2023 година, со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20 евра за мегават-час, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.П.M.П. Хенделс гес не даде комплетна понуда“, се појаснува во информацијата.

Од ЕСМ Пропдажба појаснуваат дека на 23. декември 2022 година објавиле повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас. Дополнително, како што додаваат, беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во земјава.

Share This Article