More

    Гаши предложен за претседател на Собранието – Го предлагаат 75 пратеници, ДУИ ја напушти седницата

    spot_img

    Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието.

    Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав.

    Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, како предлагач, кажа дека Гаши е осум години односно три мандати пратеник и дека се работи за политичар кој не се споменува во случаи за корупција.

    – Чест е за сите нас Собранието да го води ваков политичар – рече меѓу другото Меџити.

    Претходно, беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img