Гардијан: Предците на кралот Чарлс III купувале и експлоатирале робови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Britain's Camilla, Queen Consort and Britain's King Charles III attend a Green Energy reception at Bellevue Palace, Berlin, the official residence of the President of Germany, during his State Visit to Germany. Picture date: Wednesday March 29, 2023. Ben Birchall/Pool via REUTERS

Директните предци на британскиот крал Чарлс III и кралското семејство купувале и експлоатирале поробени луѓе на плантажите за тутун во Вирџинија, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Најновите откритија и документи до кои дојде Дезире Баптист, британски писател и истражувач, откриваат дека директен предок на кралот бил вклучен во купувањето на најмалку 200 поробени луѓе од Кралската африканска компанија во 1686 година.

Еден документ му наложува на капетанот на бродот да ги достави поробените Африканци на Едвард Портеус, сопственик на тутунска плантажа во Вирџинија, и на двајца други мажи.

Синот на Портеус, Роберт го наследил имотот на неговиот татко пред да го пресели семејството во Англија во 1720 година.

Подоцна, директен потомок – Френсис Смит се оженил со аристократот Клод Буз-Лажон, а нивна внука била Елизабет Буз-Лајон, односно покојната кралица Мајка.

Баптиста ја истражувал врската помеѓу англиската црква и робовите во Вирџинија и во архивите открил директна линија на семејното стебло Виндзор до трговијата со поробени Африканци.

Кралската африканска компанија тргувала со речиси 180.000 поробени луѓе и добила кралски повелби од неколку англиски кралеви.

Тестаментот на Едвард Портеус, друг документ што го испитувала Баптистова, се однесува на „црнци“, кои тој ги оставил на својот син Роберт, додека на неговата сопруга Маргарет оставил „црнец Кумбо“.

Вирџинија има посебно значење во историјата на американското ропство поради неславното слетување на поробените Африканци во Џејмстаун во 1619 година.

- Advertisement -
Ad image

Законите воспоставени за одржување на ропството и потиснување на востанија предвидуваа камшикување и отсекување на делови од телото за каква било непослушност на робовите, како што се лажење или обид за бегство.

Дезире Баптист напиша драма заснована на нејзиното историско истражување, во која главниот лик го повикува Чарлс да се извини за институционалната и семејната вмешаност на монархијата во трансатлантското ропство.

Share This Article