Гарантираните цени ќе останат до Нова година, реши владата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата ја продолжи мерката за намалени цени на прехранбените производи и на алкохолните и на безалкохолните пијалаци до крајот на годината и ја укина одлуката за организирање акциско намалување на цените од страна на производителите и трговците.

Министерот Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека во иднина сите трговци и производители ќе можат да организираат акции со намалени цени.

– Оваа одлука ја донесовме бидејќи компаниите се жалеа дека не можат дополнително да ги намалуваат цените – рече Бектеши.

Според Бектеши, граѓаните ќе можат да купуваат производи со гарантирана цена до крајот на годината, а до тогаш ќе се донесе новото законско решение за нефер практики.

Претходната мерка за намалени цени беше со рок до крајот на ноември. При тоа за основа се зема цената од 1 август, намалена за 10%.

Share This Article