„Во рамки на работната посета на Република Турција, заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, денес, остваривме средба со градоначалникот на збратимениот град Јалова, Мустафа Тутук.
На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу збратимените општини.
Беа разменети мислења за туризмот и предизвиците со кои се соочува настанати како последица на кризните временски неприлики, а беа разменети и идеи за нивно надминување и привлекување на туристи за претстојната туристичка сезона.
Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието„,објави Кирил Пецаков Градоначалник на Охрид на својот Фејсбук профил.