(ГАЛЕРИЈА) Хуманост, насмевки, спорт и тимска игра вчера преку Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера (26.06) во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа првиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022, покровител на настанот се Македонските Темплари „Св.Наум Охридски“, во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.
Oва е прв хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат од Македонски Темплари.
На хуманитарниот турнир учество земаа околу 60 деца.
Ни претставува огрома чест и задоволство што помина сè во најдобар ред, што преку хуманост децата имаа можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација, едукација, додека со помош на Здружение Енхелеус Лихнид придонесовме и за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите, додаваат од Македонски Темплари.
Особена благодарност упатуваме до спонзорите: „Скопско“, „Витаминка“ АД Прилеп, Специјал градба ДОЕЛ Скопје, Керамика Јованович ДОЕЛ Скопје, ДЕАЛ КОНСАЛТИНГ Скопје, В-А Компани ДОЕЛ, Спорт лајф, К.К Колибри, Црвен Крст-Охрид, Енхелиус Лихнид, Лабино Соунд, Гостилница „Мече“, Хотел Тино, ОЕМУЦ – Св.Наум Охридски- Охрид и директорот Сашо Недески, „Браво 2015“, Гајрет Струга, благодарност до ГКК Охрид.
Меѓудругото, за најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот Македонски Темплари „Св. Наум Охридски“-Охрид, додека секој учесник доби капа и маица и благодарница за земено учество.
Во категорија од 10-11 години првото место го зема екипата „Мускетари“, второто место екипата „Ѕид“ и третото место „The best boys“. За „Мускетарии“ играа Харис Абас, Милош Милошевиќ и Димитар Настовски. За екипата на „Ѕид“ настапија Ирина Ристиќ, Стефанија Шулески и Софија Каневче, додека за „The best boys“ играа Стефан Танасоски, Павел Стефановски, Дејан Мојсоски.
Во категорија 12-13 години првата награда припадна кај екипата „Топка“, второто место го земаа „Лесни пари“  и третото место припадна кај „Канаринците“. За „Топка“ настапија Василиј Топаловски, Никола Митревски, Владимир Рамбески, и Матеј Рамбески, за екипата „Лесни пари“ настапија Марко Бошковски, Матеј Стојаноски, Јован Анѓелковски, додека за „Канаринци“ играа Давид Змејкоски, Стефан Арсовски и Бојан Мојсоски.
МВП на турнирот кај Првата категорија е Софија Каневче,  а во категорија од 12-13 години е Бојан Мојсоски.

Share This Article