More

    Илјадници патници останаа заробени на аеродромот во Дубаи без храна и без вода

    spot_img

    Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи изјавија дека „очајно барале храна“ и дека останале без вода, поради големите поплави предизвикани од незапамтеното невреме што го зафати најлуксузниот град во светот, јавува Би-би-си.

    Речиси 50 летови беа откажани во вторникот, а на социјалните мрежи се појавија снимки од луксузни автомобили кои пливаат во порои од вода, поплавени трговски центри и поплавени аеродроми.

    Властите упатија предупредување до граѓаните да останат дома, но изгледа заборавија на патниците на аеродромите, кои рекоа дека чекаат со часови и немаат информации. На шалтерите имаше голема гужва, како и групи луѓе кои извикуваа и свиреа во знак на протест.

     

    Според сајтот за следење летови Flight Aware, 150 летови кои требаше да го напуштат меѓународниот аеродром во Дубаи биле одложени, а 120 биле откажани. Флај Емиратс, водечката авиокомпанија во Дубаи, објави откажување на услугите до четврток наутро.

    „Во моментов се соочуваме со значителен прекин поради временските услови и континуирано работиме со нашите тимови за одговор при итни случаи за да ја вратиме нормалната работа што е можно поскоро“ – објави Меѓународниот аеродром во Дубаи на социјалната мрежа „Х“ во средата.

    Како што соопштија оттаму, летовите продолжуваат и денеска од Терминал 1, со напомена дека патувањето е можно само со потврдени резервации, бидејќи летовите сè уште се откажуваат и доцнат.

    Патниците преживуваа само со користење на фришоп продавниците на аеродромот. Џејмс и Елизабет Дивајн, од Кембриџ, останале заглавени на погрешен аеродром заедно со нивниот шестмесечен син, откако нивниот лет од Сиднеј бил пренасочен. Тие слетале на Централен аеродром во Дубаи, кој е на повеќе од 80 километри од наменетата дестинација, Меѓународниот аеродром во Дубаи.

    – Рестораните се затворени, единствената храна што ја имаме е од фри-шоп продавниците, така што нема храна за бебиња или мали деца. Нема пелени, па ги делиме со другите патници на кои исто така им требаат – вели Џејмс Дивајн.

    Бидејќи постојано пристигнуваат нови патници, Џејмс проценува дека моментално на аеродромот има стотици, ако не и илјадници луѓе. Како што велат, чекаат 13 часа, а паниката постојано расте поради недостигот на храна и вода.

    Маргарет и Дерек Мекартур, постар пар од Шкотска, во средата требало да заминат од Дубаи за Токио. Тие пристигнале на качување во 6 часот наутро, но 13 часа подоцна сè уште немаа алтернативен лет или објект каде што може да преспијат.

    – Немаме храна, досега пиевме само кафе. Гладни сме и очајни, не ни дадоа ваучери и не знаеме што се случува – вели Маргарет.

    Во вторникот в Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беа погодени од најобилните врнежи во последните 75 години. Дождот не е вообичаен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.

     

    Училиштата ќе останат затворени до следната недела, а работата од дома е продолжена за уште еден ден за повеќето државни службеници. Претседателот на ОАЕ нареди семејствата погодени од невремето да бидат преместени на побезбедни локации. Најмалку едно лице загина во поплавата, 70-годишен маж кој се удави во автомобил во Рас Ал-Каима, а неодамна беа објавени фотографии кои покажуваат како водата ги поплавува и пустинските области.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img