More

    ВМРО-ДПМНЕ: ФЗО итно да ги објави извештаите за работа на клиниките во кампусот „Mајка Тереза“, во спротивно неговата работа ќе се сведе на циркус

    spot_img

    ФЗО итно да ги објави извештаите за работа на клиниките во кампусот „Mајка Тереза“, во спротивно неговата работа ќе се сведе на циркус – оцени денеска во соопштение опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

    „Откако беа обелоденети високите примања на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравствено осигурување изврши контрола на работењето на клиниките во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. По контролите оставки поднесоа двајца медицински директори и еден организациски и тука сопре работата.

    Она што е клучно во една ваква ситуација, кога се доаѓа до информации за нерегуларно, незаконско работење, надлежната институција, во случајов ФЗО, треба да ги објави извештаите за работа. Ова е клучно за да се види која институција и во кои делови е склона на криминално работење.

    Транспарентност во работењето се покажува само ако јавноста има пристап до информациите. Во случајов никој нема пристап до извештаите од контролата врз клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза. Оттука се доведува прашањето и дали воопшто ФЗО спровел контроли.

    Многу недоречености во контролите, селективност во одговорноста се основ за сомнеж во намерите да се исклучат или спречат во иднина вакви појави. Недозволиво е по објавувањето на неправилностите се да се сведе само на оставки од двајца медицински и еден организациски директор“ – се вели во соопштението на партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img