More

    Фудбалерот на Вест Хем ќе работи две недели за џабе

    spot_img

    Премиерлигашот Вест Хем го казни својот играч Курт Зума со одземање на двонеделен дел од месечната плата, откако во јавноста се појави видео во кое фудбалерот физички малтретира животно.

    Во видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како Зума го малтретира своето домашно милениче, мачка, при што ја удира со ногата и ја гаѓа со чевел.

    Многумина веднаш го осудија таквото однесување на 27-годишниот фудбалер, а повеќе од 150.000 луѓе се потпишаа на онлајн петиција со која се бара соодветно да биде казнет.

    Вест Хем соопшти вечерва дека својот играч „максимално го казнил во своите рамки“, а фудбалерот веднаш се согласи двонеделниот дел од својата плата да го донира на организација за заштита на животните.

    Зума, исто така, се одрече и од своите две миленичиња, двете мачки, додека трае истрагата.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img