Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите за честитките по повод неговиот 37-ми роденден.
„Животот е како ролеркостер. Напорна работа, високо темпо, напорни цели, големи очекувања… Но, на крајот сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството – вредности кои јасно покажуваат дека сите напори вредат.
Ви благодарам за честитките! 37, и ова не е граница!“, напиша Роналдо на Инстаграм, објавувајќи фотографија со својата придружничка Георгина Родригез и роденденска торта.
Претходно Роналдо изјавуваше дека има намера професионално да игра фудбал најмалку уште 4-5 години.