Фудбалерите со желба за изненадување отпатуваа за Манчестер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација вчера претрпе пораз на Арената „Тодор Проески“ од Украина со 2:3 и тоа откако на полувремето водевме со 2:0, но фудбалерите немаа многу време да размислуваат за тој натпревар и веќе денес започна новата „мисија“.

Попладнево избраниците на селекторот Благоја Милевски отпатуваа за Манчестер каде што во понеделник ќе го играме натпреварот против Англија на „Олд Трафорд“.

Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот, а интересно е што на последните две гостувања кај „Гордиот Албион“ имаме два нерешени резултати 0:0 и 2:2.

 

Share This Article