Фудбалерите на Мостар Зрињски утрово со чартер лет заминаа за Варшава, каде утре во 4. коло од Конференциската лига ќе ги одмерат силите со Легија.
Тренерот на мостарскиот тим Крунослав Рендулиќ истакна дека има многу проблеми со повредите.
„Имаме проблеми со составот. Хрвоје Баришиќ одамна не е меѓу нас, Марио Тичиновиќ исто така не успеа да се опорави и не конкурираше за тимот. Сите останати се здрави, подготвени. Секако дека не одиме таму само за да губиме време, нашите амбиции се јасни – да одиграме добро, да пружиме квалитетна игра и да одиме на победа, тоа е јасно“, изјави Рендулиќ.
Пред натпреварот зборуваше и капитенот на тимот Немања Билбија.
„Многу добра игра од наша страна, сепак, тимот на Легија, кој е многу добар, го искористи нашето невнимание во вториот дел. Ќе мораме да бидеме фокусирани на мали детали, европските натпревари не го трпат тоа“, нагласува Билбија.
Планирано е шампионот на БиХ вечерва да тренира на стадионот „Војска Полскиего“, а нешто порано ќе се одржи и официјална прес-конференција.
Натпреварот меѓу овие ривали започнува во 18 часот и 45 минути, а директниот телевизиски пренос можете да го следите на порталот N1 Босна и Херцеговина.