Фудбалерите на Жирона го запоседнаа врвот на табелата во шпанското првенство, откако синоќа во рамки на воведниот натпревар од 11. коло во Ла Лига триумфираа на домашен терен над Селта со 1-0

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Фудбалерите на Жирона го запоседнаа врвот на табелата во шпанското првенство, откако синоќа во рамки на воведниот натпревар од 11. коло во Ла Лига триумфираа на домашен терен над Селта со 1-0.

Јунак на натпреварот беше Јангел Херера кој донесе победа за домашниот тим со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во судиското продолжение.

Жирона со оваа победа изби на чело на табелата со 28 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и четири повеќе од Барселона.

Најблиските конкуренти на Жирона денеска ги очекува првото „Ел Класико“ во оваа сезона.

Натпреварот на „Ноу Камп“ е на програмата од 16:15 часот.

Share This Article