Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и нигериски репрезентативец Одион Игало моментално е играч на Ал-Хилал.
Искусниот напаѓач минатата сезона ја заврши како трет стрелец во лигата, а сега на фановите ширум светот им откри во каков луксуз уживаат играчите кои одат во Саудиска Арабија. Имено, тој на социјалните мрежи објави видео од приватниот авион со кој тимот патува на гости.
Тој авион наводно чинел 173 милиони фунти и го користи принцот Алвалид бин Талал, саудиски милијардер и голем обожавател на Ал-Хилал.
Фотографиите објавени од Игало откриваат дека сите седишта се отстранети од Боинг 747-400 за да бидат заменети со многу полуксузни парчиња мебел, вклучувајќи огромна трпезарија и златен трон.
Додека се движел во авионот, Нигериецот не можел да престане да кажува „леле“ и само тоа е доволно да опише колку бил воодушевен од условите во кои патувал.