More

    Фрлена е експлозивна направа врз полицајци, има загинати и ранети

    spot_img

    Во руската република  Карачаево-Черкезија, на Кавказ, синоќа била нападната полицијата, јавува на Телеграм тамошното Министерството за внатрешни работи.

    „Напаѓачите со автомобил ВАЗ-2109 дошле до привремената (полициска) станица, фрлиле експлозивна направа кон полицијата и отвориле оган од автоматско оружје“, се вели во соопштението.

    На нападот и полицијата одговорила со огнено оружје и убила петмина напаѓачи. При судирот со напаѓачите животот го загубија двајца припадници на полицијата, а ранети се четворица претставници на органите на прогонот.

    Во меѓувреме, Истражниот комитет на Русија во Карачаево-Черкесија покрена кривична постапка за напади врз соработници на безбедносните органи и нелегално поседување оружје и муниција. Исто така, овој комитет соопшти дека ликвидираните борци се препознаени како најверојатни учесници во нападот врз полицијата на 22 април годинава во истата република Карачаево-Черкесија.

    По петмината осомничени е распишана потерница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img