More

    Французите се загрижени за Левандовски и пенали

    spot_img

    Иако во Франција најголемиот дел од приказните поврзани со осминафиналето на Светското фудбалско првенство против Полјаците се поврзани со Роберт Левандовски, во таборот на светските шампиони размислуваат и за други полски играчи кои ги сметаат опасно.

    „Тие мораа да поминат многу време бранејќи се за време на групната фаза и тоа го направија многу добро. Всушност, тоа им одговара, но тие не се само одбранбен тим – погледнете кои имаат во нападот“, изјави во саботата селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп.

    „И другите се таму. Јадрото на тимот го сочинуваат играчи со богато репрезентативно искуство. Тука се Камил Глик, Пјотр Зиелински, Гжегож Кричовиак, а дека се на висина на задачата покажаа и некои помлади играчи. Тие заслужија да бидат тука“, додаде Дешам.

    Нема сомнеж дека Французите ќе му обрнат големо внимание на Левандовски, кој упати три од петте удари на Полска кон голот и на крајот го постигна својот прв гол на Светското првенство. Сепак, со сите сили ќе се обидат да ја избегнат одлуката за пласман во четвртфиналето преку удар од белата точка.

    Полскиот голман Војчех Шчесни беше еден од главните придонесувачи за пласманот на Полјаците во осминафиналето, одбранувајќи пенали на Салем Ал Даусари и Лионел Меси во натпреварите од групната фаза против Саудиска Арабија и Аргентина. Во текот на кариерата, 32-годишниот голман на торинскиот Јувентус одбрани 26 од 87 удари од белата точка.

    За разлика од Полјаците, францускиот голман Уго Лорис има значително полош учинок кога се во прашање одбранетите пенали – само 16 од 108. Ниту последното такво искуство не беше пријатно за Французите. На минатогодишното евро настапот го завршија во осминафиналето, откако Швајцарците беа подобри во пенал рулетот.

    „Го анализиравме изведувањето на пенали, но има и психолошки фактор, како и начинот на кој се изведуваат овие удари. Некои голмани се подобри, но ако сме целосно фокусирани од почеток до крај, имаме доволно оружје за победа пред пенали“, изјави францускиот капитен Лорис, кој во недела треба да го израмни рекордот на Лилијан Турам со 142 настапи за „триколорите“.

    Мораме да го покажеме тој убиствен инстинкт“, заклучи Лорис.

    Натпреварот меѓу Франција и Полска се игра во недела на стадионот Ал Тумама со почеток во 16:00 часот по средноевропско време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img