Новак Ѓоковиќ ќе биде во можност да ја брани титулата на Отвореното првенство во Франција, но и да се бори за 21 гренслем титула во кариерата.
Француската влада објави дека ќе ги укине сертификатите за вакцини од 14 март, а тоа значи дека српскиот ас ќе може да гостува на турнирите на француска почва во април и во мај.Србинот се очекува да нема проблеми да настапи и на Вимблдон. Останува само дилемата со УС Опен и дали Ѓоковиќ ќе добие дозвола за влез во Соединетите Американски Држави. Засега Американците им забрануваат на невакцинираните лица да престојуваат во нивната држава.
20-кратниот Грен слем шампион е победник на ланското финале на Ролан Гарос, во кое го надигра Стефанос Циципас.