Францускиот актер Оливие Мартинез (58) изгледал речиси непрепознатливо додека шетал по улиците на Лос Анџелес оваа недела среде битката за старателство над 10-годишниот син што го дели со холивудската актерка Хали Бери.
Познатиот Французин денес е далеку од ликот на заводникот кој го отелотвори во филмот „Неверен“ (Unfaithful) со актерката Дајан Лејн и Ричард Гир во главните улоги.
Мартинез изгледал речиси непрепознатливо на улиците на Лос Анџелес, забележан во лежерна облека и со целосно седа коса и брада.
Неговото појавување во јавноста се случи откако неговата поранешна партнерка, актерката Хали Бери, изјави дека потрошила 200.000 долари обидувајќи се да „соработува“ со него на заедничкото родителство на нивниот син, 10-годишниот Мејс.
Во 2013 година ја крунисаа својата врска со брак, за да се разделат три години подоцна.
Нивниот развод, меѓутоа, заврши седум години подоцна, во август минатата година, па дури и тогаш беа вовлечени во жестока битка за старателство.
Во документите до кои дојде „ЈуЕс викли“, Хали тврди дека потрошила повеќе од 200.000 долари за правни трошоци, вклучително и „доброволно“ давање 80.000 долари за правните трошоци на Оливие.
Хали тврдела дека Оливие живее од нејзината алиментација – па затоа таа „мора да оди на работа“. Бери, исто така, тврди дека Оливие ја „одложил“ судската наложена терапија за заедничко родителство „и покрај неколкуте дополнителни прегледи“.
Инаку, поранешните сопружници одлучија да се разделат во 2015 година, но разводот се одолговлекуваше со години бидејќи не можеа да се договорат за старателството. Според нивната спогодба, на Хали ѝ беше наложено да плаќа голем износ на пари за алиментација. Таа требало да дава 8.000 долари месечно за да го издржува синот Мејс (9).
Исто така, славната актерка мора да му даде на својот поранешен сопруг 4,3 отсто од заработката, во случај да добие повеќе од 2 милиони долари, што ќе се смета за дополнителни трошоци за издржување на нивниот син. Хали плаќа и за приватно образование на нивниот син, за училишна униформа и за училишен прибор. Тие, исто така, се договориле таа да ги плаќа сите воннаставни активности на Мејс, неговото здравствено осигурување, како и сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.
Покрај трошоците за нивниот син, актерката ги плати и адвокатските трошоци за својот поранешен сопруг.