Францускиот актер не се чувствува добро

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот актер Жерар Депардје неодамна беше обвинет за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот „Les volets verts“ во јуни 2021 година, а судењето закажано за денеска, е одложено.

– Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да присуствува на рочиштето, поради што бараме одложување за рочиштето за друг датум, за да може да присуствува – рекол неговиот адвокат Џереми Асус за „Франсинфо“.

Во април годинава полицијата го привела на разговор, но набргу потоа бил пуштен од полициска станица.

– Полицискиот притвор заврши. Тој не беше приведен – изјави тогаш неговиот адвокат Кристијан Сан-Пале, додавајќи дека актерот ги негира споменатите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Инаку, на 9 јануари годинава жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува Депардје дека ја пипкал по интимните делови, со груби навреди.

Пред тоа, актерот беше обвинет за слично однесување од уште 13 жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот бил официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзан со тужба поднесена во 2018 година од актерката Шарлот Арну. Случајот беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а во декември беше поднесена кривична пријава.

Share This Article