Француски експерт апелира да се заштитат македонските вина со географски ознаки

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонските вина се веќе на меѓународно ниво во однос на квалитетот. Особено е познат вашиот „вранец“, а имате и многу интерeсен тероар (поднебје) што дава посебни специфики на производите. Треба да го заштитите тоа, зашто е ваше. Ако не сакате некој да ве копира или имитира, мора да го заштитите, а првиот чекор е воведување географски ознаки, тоа е круцијално – порача денеска Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција.

Делоар пред работилницата што ја организираат Здружението на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“ и новоформираното Здружение за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“, потенцира дека македонските вина се веќе во редот на светските од аспект на квалитет.

Според Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“, денешниот настан е пресвртница за македонската винска индустрија зашто по 15 – 20 години, конечно се промовира здружението кое ќе работи на воведување географски ознаки.
– Со воспоставувањето на географските ознаки ќе се воведат стандарди за производство на вино и грозје, а со тоа, ако се вклучат поголем број лозари и винарии, големи и мали, ќе се избегне борбата за цената што ни се случува секоја година. Географските ознаки се неопходни за развој на македонската винска индустрија. Тие се клучен чекор за да го промовираме и позиционираме македонското вино на светската винска мапа. Македонија, за жал, досега го немаше направено овој чекор. Системот за географски ознаки значи производителите на грозје и вино да седнат и да се договорат по кои критериуми ќе работат – по кои стандарди ќе ги поризведат грозјето и виното. Тоа се однесува на сорти, количини, приноси, начин на производство, профил на вино. Сѐ додека државата ова не го дефинира, нема да можеме соодветно да го позиционираме нашето вино на светските пазари, да постигнеме цена која ќе даде дополнителна вредност на домашната економија – подвлече Младеновска Јеленковиќ.
Моментно, дополни, македонските производители имаат географски ознаки дефинирани според македонското законодавство.

– Сега, секој винар може да си произведе вино на свој начин, без некакви заеднички карактеристики и профил од некое виногорје. На етикетите може да стави дека е резерва, што ништо не значи, во производниот процес може да користи препарати или елементи што исто така не значат ништо, приносот по хектар може да е поголем што не значи квалитет…, објасни директорката.

Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на здружението „Повардарски – ВРВ“, рече дека стандардите и елаборатите изготвени за воведување на географските ознаки, не се со повисоки барања од оние што македонските винари и лозари можат да ги воспостават.

– Опфативме поголем број винари и лозари. Покрај стандардите за производство, се зема предвид и традицијата како еден од важните фактори во делот на географските индикации.

Имаме одлични климатски и почвени усови, знаење и традиција, веќе е време сето тоа да го собереме и заштитиме. Моментно го имаме минимумот потребен од аспект на лозарски површини, но отворени сме за нови членови и соработка. Целта е да продолжиме со унапредување на лозарството и винарството, а ова е нареден чекор и ова е иднината – подвлече Плетварска Атанасов.
Светските вински индустрии како Франција и Италија, го почнале процесот на воведување географски ознаки уште пред 200 години.

Share This Article