More

    Франција, во рамки на планот за штедење струја воведува дневни извештаи за состојбата со електричната енергија

    spot_img

    Франција, во рамки на планот за штедење струја воведува дневни извештаи за состојбата со електричната енергија, кои ќе наликуваат на временска прогноза. На телевизија, по вообичаената временска прогноза или во паузата помеѓу емитувањата, информациите за оптоварувањето на електричната мрежа ќе бидат објавени со зелени, жолти и црвени симболи.

    „Семафорот“ е дел од националниот план за заштеда на енергија што владата го презентир авчера.  Во зависност од бојата на „енергетскиот семафор“, населението треба да знае дали и колку треба да штеди.

    Кога ќе се вклучи „црвениот аларм“, треба да се штеди струја за да нема прекини во текот на зимата. Зелената боја означува дека потрошувачката и производството на електрична енергија се во рамнотежа, жолтата дека системот е оптоварен, а црвената дека постои ризик од прекин на струја доколку не се намали потрошувачката.

    Државата се надева дека на овој начин ќе допре до осумдесет проценти од луѓето во Франција за да влијае на потрошувачката на електрична енергија.

    Националното електростопанство РТЕ на интернет објавува и информации за очекуваното оптоварување на електричната мрежа под мотото  „écoWatt“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img