Франција прва во Европа со закон за инфлуенсери. Може да завршат и во затвор

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Young beautiful Asian woman beauty vlogger blogger recording live make up tutorial share on social media using mobile phone. Using for vlog social media influencer concept. Focus at Phone.,Image: 506775524, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes

Франција е првата европска земја која усвои закон за сузбивање на онлајн-инфлуенсерското рекламирање. Под одредени околности, тие сега можат да се соочат и со затворска казна.

Француските онлајн инфлуенсери сега може да се соочат со затворски казни доколку водат забранети, погрешни или лажни рекламни кампањи на нивните онлајн канали. Ова го предвидува новиот закон, кој во четвртокот едногласно го одобри францускиот Сенат, откако веќе беше усвоен од францускиот парламент, со цел заштита на потрошувачите. Тоа е прв закон од ваков вид во Европа, кој ги дефинира правилата за рекламирање за онлајн инфлуенсерите, пренесува Би-Би-Си.

Главниот извор на приход за онлајн инфлуенсерите се огласувачите. На тој начин, инфлуенсерите често им ги претставуваат производите на своите следбеници и ги убедуваат во нивната извонредност или корисност. Иако речиси секогаш зборуваат за сопствените позитивни искуства, во најголем број случаи ваквата промоција ја плаќа компанијата која го продава производот, а што инфлуенсерите најчесто го кријат во своите објави.

Бидејќи сумата што ја плаќаат огласувачите за промоција е често поважна за онлајн инфлуенсерите отколку информациите што тие ги даваат за одреден производ, бројот на заведени и измамени потрошувачи исто така почна да се зголемува во последниве години. Поради оваа причина, француската влада одлучи да интервенира на полето на онлајн инфлуенсер рекламирањето со одредени ограничувања.

Инфлуенсер може да слета и во затвор
Отсега па натаму, инфлуенсерите ќе мора соодветно да ја означат целата платена содржина и јасно да наведат дали се користени филтри на содржината или дали таа е променета или корегирана на кој било друг начин.

Освен тоа, повеќе нема да биде дозволено рекламирање на производи за лотарија, обложување и игри на платформи кои не дозволуваат забрана за гледање објави од малолетници. Забрането е рекламирање на процедури за убавина и тутун, како и одредени финансиски производи, вклучувајќи криптовалути и медицински помагала. Рекламите за газирани пијалоци и преработена храна исто така ќе треба да содржат пораки кои ќе ги потсетуваат потрошувачите на важноста на физичката активност. Слично на тоа како треба да се регулира во ТВ рекламите.

Онлајн инфлуенсерите кои ќе го прекршат законот може да бидат осудени на затворска казна до две години или парична казна до триста илјади евра.

Многумина се сомневаат во ефективноста на законот, бидејќи многу онлајн инфлуенсери чии објави се видливи во Франција доаѓаат и од други земји. Според некои податоци, околу 150.000 луѓе се ангажирани во онлајн влијание во Франција.

Share This Article