Француската влада понуди 12 евра по акција за да ја преземе целосната контрола на енергетската компанија ЕДФ, велејќи дека е подготвена да плати 9,7 милијарди евра за одврзани раце во управувањето во период на енергетска криза во Европа.
Понудената цена е за 53 отсто повисока од цената на акцијата на ЕДФ при затворањето на пазарот на 5 јули, еден ден пред владата да ги објави плановите за целосна национализирање на најголемиот европски оператор за нуклеарна енергија, соопшти во вторникот Министерството за финансии.
Тргувањето со акциите на ЕДФ беше прекинато минатата недела на барање на компанијата во очекување на детали за владиниот план за национализација.
Министерството за финансии денеска соопшти дека до почетокот на септември ќе достави понуда за откуп на акции до берзанскиот регулатор и дека планира да ги исклучи од берзанската котација.
„Оваа инвестиција ќе ни овозможи да направиме огромни инвестиции во нуклеарната енергија“, изјави министерот за буџет Габриел Атал за француската радио станица Инфо радио по објавувањето.
Државата во моментов има удел од 84 отсто во производителот на електрична енергија, кој страда од проблеми во снабдувањето со електрична енергија, доцнење во работите и пробивање на финансиската структура во изградбата на нови реактори и дотраени капацитети на „старите“ нуклеарни централи. .
Дополнителен проблем е и владината уредба дека мора да им продаваат струја на конкурентите по намалени цени за да ги заштитат граѓаните од нагло поскапување на струјата.