Франција ќе се жали до ФИФА за поништувањето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Француската фудбалска федерација ќе се жали до ФИФА поради поништување на голот на Антоан Гризман. „Триколорите“ вчера загубија од Тунис (0:1) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година.

Антоан Гризман израмни во осмата минута од судиското надополнување. Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај на натпреварот, но потоа отиде кај мониторите на ВАР да го прегледа моментот при голот на Гризман. По прегледување на видеото Конгер го откажа голот поради офсајд позиција.

Според протоколот ВАР, судијата нема право да користи видео преглед по прекинувањето на играта.

„Ќе поднесеме жалба поради поништување на голот на Антоан Гризман. Според нас, по грешка е откажан“, стои во реакцијата на Французите.

Жалбата мора да биде поднесена во рок од 24 часа по завршувањето на натпреварот. 

Share This Article