Фотографии на социјалните мрежи сведочат за бизарни и опасни врски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српските медиуми ја пренесоа веста дека рано утринава извесен Зоран Р.(54) од селото Милутовац со огнено оружје тешко ја ранил љубовницата И.К.(44) во Крушевац, а потоа меѓу селата Кукљин и Јасика ја убил и сопругата В.Р. (50), по што се самоубил.

Трагичен настан, но не толку редок во голема земја каква што е Србија.

Она што ја прави оваа вест бизарна се настаните кои им претходеле на трагичните настани.

Така, на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои Зоран ги гушка сопругата и љубовницата.

Има и фотографија на која тие двете се прегрнуваат и позираат покрај сообраќајниот знак на влезот во селото Милутовац, од каде што е убиецот Зоран.

Засега не се знае дали Зоран и И.К. биле љубовници во моментот кога се снимени овие фотографии и дали неговата сопруга знаела за неговата врска.

Share This Article