More

    ФОТО : Северна Кореја на парадата покажа арсенал нуклеарни ракети

    spot_img

    Северна Кореја го покажа својот нуклеарен арсенал на ноќна парада, со повеќе интерконтинентални балистички ракети (ICBM) од кога било досега, објавија државните медиуми во четвртокот.Парадата се одржа во средата, на 75-годишнината од основањето на севернокорејската армија, објави новинската агенција КЦНА.

    Водачот Ким Јонг Ун присуствуваше на парадата со својата ќерка, која еден ден би можела да го наследи нејзиниот татко на чело на таа наследна диктатура.

    Со интерконтинентални балистички ракети, Северна Кореја ги покажа своите најголеми нуклеарни способности до сега, а на парадата можеше да се види и тактичко нуклеарно оружје.

    Снимките објавени од државните медиуми покажуваат 11 интерконтинентални балистички ракети Хвасонг-17 за кои се верува дека се способни да погодат цели каде било во светот со нуклеарна боева глава.

    Ракетата „Хвасонг“ првпат беше тестирана минатата година.

    Пјонгјанг продолжува да ја развива својата програма за балистички проектили, тестирајќи сè поголем број напредни ракетни системи и покрај резолуциите и санкциите на Советот за безбедност на ОН.

    „Северна Кореја го проширува својот арсенал на тактички и ракети со долг дострел. Пораката што Пјонгјанг ја испраќа до меѓународната заедница со демонстрирање на своите способности за одвраќање и принуда, најверојатно, ќе дојде во форма на тестирање на наведувани проектили со цврсто гориво и детонирање на минијатурен нуклеарен уред“, рече професорот Леиф-Ерик Исли од Универзитетот Евха во Сеул.

    Развивањето на ICBM со цврсто гориво е една од клучните цели на Северна Кореја. Ваквите нуклеарни проектили потешко се откриваат и уништуваат за време на конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img