More

    ФОТО Немири по мечот: Судир меѓу марокански навивачи и белгиска полиција

    spot_img

    Судири избувнаа во Брисел во неделата по победата на Мароко над Белгија на Светското првенство, при што „десетици луѓе“ ја нападнаа градската опрема и полицијата, соопшти полицијата.

    Уште пред крајот на натпреварот, „десетици лица, од кои некои маскирани, предизвикаа конфликт со полициските сили во центарот на градот, со што ја загрозија јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата.

    Од полицијата велат дека толпата употребувала пиротехнички средства и палки, фрлала камења по полицајци и запалила семафор, а на еден пат избувнал пожар.

    „Еден новинар бил погоден со пиротехничко средство во лицето“, извести полицијата, која потоа решила да интервенира со водени топови и солзавец.

    Во интервенцијата учествувале околу стотина полицајци додека незадоволните ги гаѓале со камења.

    Полициските сили ги повикаа жителите и навивачите да избегнуваат некои населби во центарот на градот. Станиците на метрото беа затворени, а улиците беа блокирани за да се спречат собири.

    „Најостро ги осудувам инцидентите што се случија попладнево. Полицијата веќе одлучно интервенираше. Им препорачувам на навивачите да не доаѓаат во центарот на градот. Полицијата настојува да го зачува јавниот ред со сите средства“, напиша на Твитер градоначалникот на Брисел, Филип Клоуз.

    „И наредив на полицијата да продолжи со административно апсење на бунтовниците“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img