2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Повици од Косово за обединување со Албанија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претставникот на Демократската партија на Косово Беким Хаџиу предложи на заедничката седница на парламентите на Албанија и Косовo пратениците од двете држави да се стави и гласање за обединување на двете земји во „Конфедерацијата на албански држави“.

Хаџиу во објава на Фејсбук порача дека е време за важни одлуки.

„Откако Косово прослави 14 години како суверена и независна држава, време е ние, избрани од народот на Косово и Албанија да гласаме на оваа 110-годишнина од независноста на Албанија за обединување во Конфедерацијата на албанските држави. Албанија и Косово да се обедединат во една држава, со една влада, еден сенат и два конгреса. Време е за важни одлуки за нашата нација да го зачуваме албанскиот идентитет и да бидеме заедно онаму каде што припаѓаме – во Европската Унија – напиша Хаџиу.

Овој пратеник барањето го упати конкретно до претседателите на парламентите на Косово и Албанија.

– Како претставник на народот, избран за пратеник во Собранието на Косово, ги молам претседателката на Собранието на Албанија,Линдита Николаја и претседателот на Собранието на Косово, Гљаук Коњуфац, да го стават на гласање на седницата на претставниците на Албанија и Косово во Тирана: За обединување на Албанија и Косово во Конфедерацијата на албанската држава – порача тој.

Хаџиу вели дека тоа е вистинскиот начин.

– Тоа е аманет на паднатите борци на албанскиот народ низ вековите, кои паднаа на олтарот на слободата, со идеалот за национално единство – заклучува тој.

Денеска во Албанија се одржува заедничка седница на собранието на Косово и Албанија по повод одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија. Седницата започнува во 10:00 часот. Пред присутните се обратија претседателот на Собранието на Албанија и претседателот на косовскиот парламент, како и премиерот на Косово Албин Курти и премиерот на Албанија Еди Рамакако и обраќања на министри и заменици од Приштина и од Тирана.

Освен заедничката седница се очекуваат и други манифестации. Седницата се одржува по повод денот на албанското знаме.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...
spot_img
spot_img
spot_img