И покрај сите ужаси на војната, еден украински пар, двајцата војници, решија да ја овековечат својата љубов среде одбраната.Парот, кој е дел од украинската војска, се венча на бојното поле, во предградието на Киев.Во надреална сцена што ја снимија фоторепортерите, Валери и Лесја, облечени во камуфлажа, одржаа скромна и мала церемонија во друштво на другите припадници на армијата, но и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.