(ФОТО) Болниците ординираат терапии со лекови со поминат рок од 150 дена, Беким Сали мува не го лази…

Saso
By Saso 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пети ден молк на министерот за здравство Беким Сали „Мали Бујар“ ,а во врска со настанот во Охридската Болница , каде на пациент му бле дадени лекови со изминат рок од 5 месеци!Отсвем известувањето на СВР Охрид во кое известување е укажано за преземиени истражителни дејствија по насока на јавен обвинител,молк од страна на директорот на охридската болница Асен Шајн ,но и молк од министерот Мали Бујар.

Денес Германската амбасадорка Анке Холштајн укажа на корупцијата во здравството, но никого во овој здравствен коруптивен сет предводен од Мали Бујар ,мрава не го лази…

Редакцијата Охридскај поседува фотографија од витрината во одделот Урологија каде се чувале лековите со поминат рок и биле давани на пациентите.Според здравствените протоколи,лек со поминат рок и од еден ден не смее да биде на полици во болниците ,истиот треба да се уништи истиот ден кога поминува неговиот рок.Во наведениот случај ЈЗУ Општа Болница Охрид ,ординирале терапија со лекови кој се со поминат рок и од 150 дена….

Претходно објавена вест на Охридскај

Избегната трагедија во ЈЗУ Општа Болница Охрид,од врз пациент била ординирана интравенска ампуларна терапија која имала изминат рок!Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид под наитно да даде одговор како во болницата со која тој раководи се ординира со ампуларна терапија со поминат рок и како таа терапија се навоѓа сеуште во болничките полици?

Имено на ден 30-11-2022 година околу 12 часот во Уролошкото одделение при ЈЗУ Општа Болница врз лице вработено во СВР Охрид ,а кое лице имало Бубрежна Колика и болки во лева лумбална ложа,дежурниот лекар ДР Ристо Медарски кој е воедно и ново назначен Началник на уролошкиот одел во ЈЗУ Општа Болница ,ординирал интравенска ампуларна терапија со Лек -НИФЛАМ која имала рок на траење до 08-08-2022 година. За време на примената на интравенската терапија со Нифлам врз пациентот, доваѓа до несакано дејство од ампулата со изминат рок, при што доваѓа до животно загрозувачка состојба на пациентот.Лекарот кој ја ординирал терапијата со лек со поминат рок Др Ристо Медарски и ако требало да биде присутен додека пациентот ја прима терапијата, не бил во уроложкиот одел,а веднаш  на помош доваѓа Др Горан Балевски,кој од како увидел каква терапија е дадена на пациентот, преминува на итна промена на терапија.

Од како пациентот излегол од анафилактичен шок,а и поради природата која ја работел во криминалистичката полиција,од како дознал дека истиот бил третиран со ампуларна терапија со поминат рок, веднаш ги фотографирал празните опаковки од лекот кој му бил даден , но и извршил целосно докуметирање на медицинскиот извештаји повикал Полиција.

Од како пристигнале екипи на Криминалистичка полиција при СВР Охрид на одделот Урологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид ,лекарот кој го третирал пациентот Др Ристо Медарски ,веднаш направил нов извештај,поточно се обидел да го фалсификува стариот извештај,а воедно и дал наредба на главната медицинска сестрана одделот Урологија ,да ги уништи сите ампули и заостанати опаковки на лекот Нифлам кој биле со поминат рок,но и да даде лажен исказ пред полициските службенци.

- Advertisement -
Ad image

По насока на Јавен Обвинител полициски службеници при СВР Охрид ги одземале опаковките на лекот Нифлам со кој бил третиран пациентот ,а истите имале поминат рок 5 месеци,ги одземале лекарските извештаи за пациентот кој го тертирал Др Ристо Медарски.

Благодарение на присебноста на Др Горан Балевски избегната е трагедија во ЈЗУ Општа Болница Охрид, на која повторно по кој знае кој пат како предизвикувач се појавува Др Ристо Медарски..

В.Д.Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид кој и самиот е со поминат рок на директорување,за целиот несакан инцидент известен е од страна на лекарите од Урологија има и званична пријава од лекари до него, но за жал како и вообичеено Др Асен Шајн го интересира само неговиот кабинет и директорската фотеља,но од друга страна во неколку наварти контактиран е Командирот на ПС од ОН Охрид Сашо дончевски од страна на Др Ристо Медарски и Асен Шајн со замолница полицијата да го заташкала целиот настан.Околу овој сегмент оставаме своја истрага да покрене Внатрешната контрола при МВР на РСМ,а за останатото го повикуваме Беким Сали „Мали Бујар да престане да сее смрт низ болниците во Македонија,со неговите недоквакани персонални решенија…

- Advertisement -
Ad image

Денес во ЈЗУ Општа Болница Охрид биле и испектори на ДСЗИ , кој го испитувале целиот настан.

Сашо Денесовски

Share This Article