Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Западот не смее да престане да ја снабдува Украина со оружје, ниту да ја прекине финансиската поддршка, доколку сака Киев да биде успешен во војната против Русија.
Украина може да победи, но ние мора да продолжиме да го зајакнуваме нејзиниот отпор, изјави Урсула фон дер Лајен во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум.
Урсула фон дер Лајен изјави дека на Украина и треба континуирано снабдување со оружје за да се одбрани и да ја врати својата територија, пренесува Ројтерс.