More

    Фон дер Лајен вети и дополнителни средства

    spot_img

    Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Варшава.

    Кампањата „Стани за Украина“ ја започна меѓународната организација Глобал Ситизен со поддршка на Европската Унија и канадскиот премиер Џастин Трудо.

    Покрај светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на нивните земји за помош на украинските бегалци, во кампањата се приклучија и уметници како Елтон Џон, Аланис Морисет, Били Ајлиш, Ени Ленокс и Крис Рок.

    „Светот на крајот собра 9,1 милијарди евра како дел од кампањата, а ЕК, заедно со ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), додаде уште една милијарда на сите раселени лица во Украина. Тоа е фантастично, значи 10,1 милијарди евра“, изјави Фон дер Лајен.

    Таа додаде дека на собраниот износ ќе се додадат и други средства.

    „Солидарноста на земјите, компаниите и луѓето ширум светот нуди малку светлина во овие темни моменти“, рече Фон дер Лејен на затворањето на кампањата за собирање средства за Украина.

    „И кога бомбите ќе престанат да паѓаат, ќе му помогнеме на украинскиот народ да ја обнови својата земја. Ќе продолжиме да ја браниме Украина“, рече таа.

    На присутните преку видео порака им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    „Храброста на Украина веќе го обедини целиот демократски свет“, рече Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img