First Citizen е нов сопственик на пропаднатата банка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската банка First Citizen ќе ги откупи сите депозити и заеми на банката СВБ, која банкротираше на почетокот на март, соопшти синоќа  американската банкарска администрација (ФДИК) FDIC.

Трансакцијата се однесува на 72 милијарди долари активи на пропаднатата банка, соопшти ФДИК, наведувајќи дека денеска ќе се отворат 17 филијали на СВБ со новото име First Citizen.

Колапсот на СВБ (Банката на Силиконската долина) предизвика паника во банкарскиот сектор во САД, а последиците влијаеја и на европските пазари.

СВБ, кој беше банка блиска до технолошкиот сектор, одеднаш се најде во потешкотии кога беше објавена продажбата на финансиски обврзници во вредност од 21 милијарда долари, со загуба од 1,8 милијарди долари и со намера да привлече капитал.

Следеа масовни повлекувања на средства и на 10 март властите ја прогласија оваа банка за несолвентна и ја презедоа контролата врз нејзиниот имот, што беше најголемото пропаѓање на банката во САД од 2008 година.

Отсега со сите заеми и депозити на оваа институција ќе управува First Citizen bank, додека менаџментот на ФДИК ќе се грижи за преостанатите средства од 90 милијарди долари.

Колапсот на СВБ ја потресе банкарската индустрија, што го натера ФДИК и другите американски регулатори да дејствуваат за да ги заштитат штедачите и да спречат поширок финансиски хаос.

Share This Article